Џенифер Лопез ѝ е љубоморна на новата девојка на Марк Антонии

Пејачката Џенифер Лопез е љубоморна на новата девојка на поранешниот сопруг Марк Антони, пишуваат светските таблоиди.

Нивните односи се заладија кога пејачот повторно се заљуби во 44-годишната реална ѕвезда Евелин Лозада.

„Лопез е бесна затоа што е свесна колку Евелин е згодна. Американските медиуми пишуваат дека пејачката не ѝ е ни до колена и поради тоа Лопез е очајна. Постојано ги прашува пријателките која од нив две е позгодна“, открива извор близок до поранешната двојка.

Марк и Евелин се запознаа пред три месеци и оттогаш се не се двојат еден од друг. Наводно, Енотни веќе ги запознал нејзините две деца и сите одлично се согласуваат. Марк е воодушевен од новата девојка. Не сака да се одвои од неа. Веќе неколкупати изјавил дека е посреќен од кога било претходно во животот“, открива неименуван извор за „Дејли мејл“.

Лопез и Антони беа во врска од 2003 година, а заедно ги имаат и близнаците Максимилиан и Ема. Нивната љубовна романса траеше десетина години. Се венчаа во 2004 година, неколку дена откако Антони се разведе од својата поранешна сопруга Дајанара Торес.

Венчавката се одржа во нивната вила на Беверли Хилс пред 40 избрани гости. Поради работата, Марк и Џенифер се разведоа, но и понатаму останаа во добри односи поради децата.

Scroll to Top