Џенифер Лопез му испрати порака на Бен Афлек со заводливи фотографии

Откако поднесе барање за развод, фановите го чекаа моментот кога Џенифер Лопез ќе ја искоментира љубовната врска со Бен Афлек, а пејачката сега го стори тоа објавувајќи серија фотографии на Инстаграм преку кои испрати јасна порака до наскоро екс-сопругот.

Таа меѓу другото објави селфи на кое позира пред огледало во бел костим за капење, но и серија фотографии на кои покажа како се забавува со своите деца, близнаците Ема и Макс и со тоа покажа дека продолжила понатаму во животот.

Во една од нив Лопез носи маица на која пишува „Таа цвета. Таа е безгрижна. Таа е невознемирена. Таа е мирна“, а сподели и објава во која напиша дека „сè се случува на божествен начин“.

Scroll to Top