Џенифер Лопез и Алекс Родригез се заедно повеќе од 1 година и многу често го поминуваат времето заедно со своите деца.
Овој пат тие сите заедно уживаат на одмор, а Џеј Ло е забележана како се релаксира во опуштено издание. Облечена во бело фустанче и сандали на полна петица, со природна, кадрава коса, пејачката се релаксира со саканите.
Алекс на „Инстаграм“ објавил видео од пејачката и неговата ќерка Наташа, како играат на нејзината нова песна Dinero и како се забавуваат.