Џенифер Лопез: Пред 33 години машките се бескорисни

Пејачката Џенифер Лопез (48) која зад себе има три пропаднати брака одлучи да ги сподели своите искуства со другите жени. Џенифер учествувала во серијалот „Swipe Sessions“ кој го креираше Тиндер, познатата апликација за пронаоѓање на партнери. Џеј Ло ја советувала девојката и колешка Брук (29) на што треба да обрне внимание пред да го избере нејзиното момче.

„Сакам момче кое може да сече дрва“, открила Брук кои ѝ се приоритетите во изборот на нејзиниот иден партнер.

Џенифер ја читала биографијата на кандидатите, а веднаш отфрли еден кој тврди дека кечапот не смее да се држи во фрижидер затоа што нема да функционира. Потоа за друг маж по име Маурис изјави дека не доаѓа предвид, тој да биде избран поради годините.

„Мажите додека не навршат 33 години се бескорисни“, објаснила Џенифер. Тврдењето на пејачката, делумно го потврдила и докторката Џејн Греер, авторката на книгата „Што со мене? Нека себичнота не ви ја уништи врската“.

„Мажите до 30 години градат кариера и ја осигуруваат финансиската стабилност, поради што по 30 години се сигурни во животот. Поради тоа имаат зрелост која доаѓа со постигнувањата, искуството и успехот. Многу мажи во 20-те години одат од врска во врска, а потоа кога ќе наполнат 30 години запознаваат жени и подготвени се да се оженат со неа“, раскажала Греер.

Џенифер прв пат се омажи на 28 години со актерот Ојаниа Ноу (44) со кого беше во брак година дена. Вториот сопруг беше Крис Џад (48), исто така актер со кого издржа две години. Третиот пат се омажи за пејачот Марк Ентони (48) а се разведоа во 2014 година. Марк и Џенифер ги имаат близнаците Максимилиан Давид и Ема Марибел (10).

Пејачката минатата година беше во врска со 17 години помладиот рапер Дрејк (31) а во 2011 година со тогаш 24 годишниот актер Каспер Смарт (31). Џенифер во моментов е во врска со понрашениот бејзбол играч Алекс Родригез (48).

Scroll to Top