Џенифер Лопез разочарана зашто не беше номинирана за Оскар

Холивудската ѕвезда Џенифер Лопез откри дека е разочарана затоа што не беше номинирана за Оскар за филмот Hustlers. Таа вели дека се чувствувала како да ги изневерила луѓето околу себе.

„Ми велеа дека сум фаворит за споредна улога, а потоа не ме ни номинираа. Малку сум тажна. Ми зборуваа ‘ќе се случи, ќе те номинираат, а ако не, тогаш се луди’. Читав многу текстови и си помислив дали навистина е можно да се случи спротивното. Кога се случи токму тоа, се почувствував изневерено и како да ги изневерив сите околу себе“, рекла Лопез.

Глумицата доби многу пофалби за улогата на стриптизета во филмот Hustlers, а во јавноста ѝ предвидуваа не само номинација за Оскар, туку и награда.

Scroll to Top