Џенифер Лопез сака да ги прислушкува домашните помошнички

Поранешниот маж на Џенифер Лопез, пејачот Марк Ентони, вели дека таа сака дa ги прислушкува домашните помошнички. Лопез ова го правела десет години додека биле во брак, а според него, сигурно тоа го прави и денес.

„Тоа е многу забавно за неа. Имавме камери за надзор во куќата, а таа понекогаш седеше пред екранот и слушаше за што зборуваат додека беа во кујната. Некогаш обожаваше да се прикрадува, па ги слушаше зад ѕидот. Не знам зошто тоа ја забавуваше, но мислам дека тоа го прави и денес“, изјави тој за американските медиуми.

Марк и Џенифер ја започнаа својата врска во 2003 година, а се венчаа во 2004 година. Тие се разведоа десет години подоцна, а ги имаат близнаците Ема и Максимилијан.

Scroll to Top