Џенифер Лопез се прошета без шминка во вреќести тренирки и бели патики. Ја забележаа на излегување од просторот за проби во Лос Анџелес во средата вечерта.
„Таа го покажа својот беспрекорен тен, одејќи без шминка и носејќи ја косата во тесен кок“, објави „Дејли мејл“.
На себе има и сјајни златни обетки.
Иако се реши да излезе без шминка, 54-годишната глумица на нејзината страница на Инстаграм во понеделникот направи туторијал за шминкање за нејзините фанови. Употреби сјај за усни и кажа дека го додава само за да го модернизира изгледот на матираните усно од деведесеттите кој и се допаѓа.
Таа истакна дека нејзините идоли во 90-тите биле моделите Синди Крафорд, Линда Евангелиста и Наоми Кембел.