Џенифер Лоренс го напушта Холивуд

Џенифер Лоренс, една од најпопуларните актерки последниве години, изјави дека ќе го напушти Холивуд и дека ќе направи пауза по неколкуте напорни години.

„Време е да направам пауза и во наредните две години нема да снимам ништо“, изненади актерката во интервјуто кое го даде за ток-шоуто „Тудеј“.

Актерката која овие денови патува по светот и го промовира својот најнов филм „Мајка“ додаде дека се чувствува непријатно од постојаната медиумска трка по неа, ниту пак ѝ се допаѓа постојано да се гледа себеси на првите страници на таблоидите. Оскаровката сака да се повлече од јавниот свет, да се одмори, а дури потоа да му се врати на Холивуд и на снимањето филмови.

 

Scroll to Top