Глумицата Џенифер Лоренс се сврши за Кук Марони осум месеци откога почнаа врска, откри нејзиниот портпарол за магазинот „Пипл“. Двојката почна да се гледа откако Џенифер раскина со режисерот Дарен Аронофски, а ги запознаа најдобрата пријателка на глумицата, Лаура Симпсон.
Кук ја побарал Лоренс за жена во ресторан во Њујорк, а папараците веднаш ја сликаа со големиот дијамантски прстен на раката.
Марони работи во галеријата „Гладстон“ во Њујорк, каде што изложуваат најпознатите светски уметници. Пред оваа галерија, работел во музејот „Гагосијан“.