Холивудскиот актер Џерард Батлер е итно хоспитализиран во болница во Санта Доминго, пишува британскиот весник „Сан“. Неколку дена по ред 49-годишниот глумец чувствувал гадење и постојана болка во желудникот, по што бил префрлен во болницата во главниот град на Доминиканската Република.
По неколку испитувања лекарите откриле дека актерот страда од дивертикулитис, односно воспаление или инфекција на дебелото црево. Итно му е пропишана терапија, па тој за 1-2 дена ќе ја напушти болницата, но ќе мора да остане на домашно лекување.
Популарниот актер неодамна го заврши снимањето на филмот „Падот на ангелот“, а во јавноста беше актуелен и со објавата дека во пожарите во Калифорнија му изгоре домот. Тогаш тој испрати порака до луѓето на кои им се случило истото да си помагаат и дека е важно што се живи и безбедни.