Џери Хол поднесе барање за развод од 91 годишниот милијардер Руперт Мардок

By

Џери Хол вчера поднесе барање за развод од милијардерот Руперт Мардок, со кој беше во брак шест години. Хол, 66-годишната поранешна манекенка, побарала од 91-годишниот медиумски магнат Мардок до судот во Калифорнија финансиска поддршка и адвокатски трошоци.

dobivaj vesti na viber

Хол во барањето поднесено пред судот во Лос Анџелес рече дека „не ја знае целосната природа и обемот на сите средства на Мурдок и долговите и ќе го дополни овој предлог кога ќе се утврдат тие информации.

Мардок и Хол се венчаа на интимна церемонија во куќата Спенсер во центарот на Лондон во март 2016 година. Тоа беше четврти брак за Мардок. Џери Хол живееше во вонбрачна заедница со пејачот Мик Џегер, со кого има четири деца.

Ќе ви се допадне