Глумицата Џесика Алба (36) се породи со својот син Хејс на пречекот на Нова година, на последниот ден од старата 2017 година.
Таа веднаш по породувањето го фотографирала бебето и сликата ја објавила на „Инстаграм“.
„Хејс Алба Ворен. 31.12.2017. Најдобриот новогодишен подарок! Кеш и јас се чувствуваме благословено. Хевен и Онор се веќе опседнати со својот помал брат“, напишала глумицата.
Фановите веќе почнале да ѝ честитаат во коментарите, а за 20 минути фотографијата добила повеќе од 120.000 лајка.
Џесика и нејзиниот сопруг Кеш Ворен (38) во октомври минатата година открија дека чекаат момче, а ова е нејзино трето дете по ќерките Онор (9) и Хевен (6).