Џесика Алба ужива во Мексико, обожавателите велат „не изгледала никогаш подобро“

Актерката Џесика Алба (43), која неодамна се разведе по 16 години брак и оттогаш отвори приватен бизнис наречен „Honest Company“, викендот го помина со својот син во Мексико.

Освен што ужива во најубавото друштво и има совршени моменти, нејзините обожаватели уживаа и во нејзините изданија и тврдат дека никогаш не изгледала поубаво.

Оваа позната убавица објави видео прошарано со бројни фотографии и снимки на кои се гледа колку ужива со своето „омилено малечко“, а многумина забележаа дека изгледа подобро од било кога.

Во видеото таа ја покажа својата извајана фигура во различни изгледи – главно спортски и лежерни, но најмногу внимание привлекоа оние во минијатурни бикини кои одлично и прилегаат.

Scroll to Top