Џет сетот на Канскиот филмски фестивал ќе го пие џинот на Бред Бит

Холивудскиот актер Бред Пит на Канскиот филмски фестивал ќе го промовира џинот „Гарденер“. Кан е совршено место бидејќи најновиот потфат на Пит, наведен како „Џин на француската ривиера“, е врвен, сув џин во лондонски стил инспириран од југот на Франција.

„Гарденер“ ќе се појави во продавниците во САД во ограничено издание во септември.

За неговата формална презентација во Кан, која ќе започне на 16 мај, шанкерите во култниот хотел Карлтон во Кан смислија коктел „Тајната градина“ направен со џин, сок од лимон, сок од портокал, сируп од јагоди и белка од јајце.

Традиционално, сувиот џин во лондонски стил се смета за најчист од џинови бидејќи е незасладен со шеќер со само природни вкусови додадени на последниот дестилат. Покрај изразените ноти на смрека, сладунец и коријандер, „Гарденер“ содржи забележително присуство на розов грејпфрут, лимон и портокал.

Според Матие Перин, чие семејство соработува една деценија со Пит, џинот „е израз на земјата што ја обработуваме и ја чуваме за генерациите што доаѓаат. Тоа е потрага по совршенство, сонувана од пријатели кои делат посветеност на уметност и занает“.

Актерот сега го прошири производството, откако заедно со неговата бивша сопруга Анџелина Џоли заедно го промовираа виното „Миравал Розе“. Откако го купи Шато Миравал со Џоли во 2012 година и соработуваше со семејството Перин следната година, тој постојано ги подобруваше своите лозја и капацитети притоа генерирајќи меѓународен интерес, признание и побарувачка.

Scroll to Top