Манекенката Џиџи Хадид и пејачот Зејн Малик станаа родители. Тие добија ќерка, а веста за раѓањето на бебето ја сподели музичарот на социјалните мрежи. Тој објави слика од раката на девојчето и напиша дека таа е здрава и прекрасна.
„Невозможно е да кажам како се чувствувам сега. Љубовта која ја чувствувам кон ова малечко човечко суштсетво е над моето разбирање. Благодарен што ја познавам, горд што ја нарекувам моја, благодарен за животот што ќе го имаме заедно“, напиша тој на Твитер.
Зејн и Џиџи се во врска долги години, иако неколку пати раскинуваа. Веста за бремноста ја објавија на нејзиниот роденден и ги изненадија фановите.