Џиџи Хадид и Луис Хамилтон се во врска

Само неколку дена откако топ-моделот Џиџи Хадид и пејачот Зејн Малик ставија крај на двегодишната врска, британските медиуми почнаа да пишуваат дека Џиџи има ново момче, шампионот на Формула 1 Луис Хамилтон.

Џиџи и Луис се запознале на снимање за брендот „Томи Хилфигер“, а според блиски пријателки на моделот, таа и Луис разменувале флертувачки пораки уште додека Џиџи и Зејн биле во врска. Засега ниту еден од нив не ги потврдил шпекулациите.

Scroll to Top