Џими Хендрикс најдобар гитарист на сите времиња

Џими Хендрикс е на врвот на топ-листата од 50 најдобри гитаристи на сите времиња, додека зад него се Џими Пејџ, Еди Ван Хален, Дејвид Гилмор, Ерик Клептон и Стив Реј Вон.

При изборот на оваа листа, својот глас го дадоа повеќе од 70 илјади луѓе ширум светот.

„Она што го прави голем е неговиот избор на ноти. Наједноставно кажано. Тоа е важно. Она што тој се одлучи да го свири, ние се одлучивме да го сакаме“, рече гитаристот Џо Сатриани, кој се најде на позицијата 13-ти најдобар гитарист на сите времиња, во листата на магазинот Classic Rock Magazine од 2009 година.

2Џими Хендрикс го промени лицето на музиката кога слета во Лондон во 1967 година“, вели Бриони Едвардс, уредник на онлајн изданието на магазинот Louder.

„Пристигна во тој град кој веќе имаше свои големи гитаристи – Пејџ, Клептон, Бек и други, меѓутоа Хендрикс со жестината на своето свирење ги принуди другите да ја подигнат својата игра“, додава Бриони.

Scroll to Top