Глумицата Анџелина Џоли поднесе контра тужба против бившиот сопруг, Бред Пит. Нејзините адвокати ја доставија во вторникот во судот во Лос Анџелес. Тие ја опишале кавгата во авионот на 14 јуни 2016 година, што подоцна доведе до распад на нивниот брак.
„За време на летот едно од децата се обиде да ја одбрани Џоли, па Бред го нападна. Таа се обиде да го спречи, а тој ја оттргна од себе, па ѝ го повреди грбот и лактот. На крајот го даваше едно од децата, а друго го удри во лице. Некои од нив го молеле да престане“, пишува во тужбата.
Во документите Џоли тврди дека за време на летот, Пит повремено излегувал од задниот дел од авионот за да им вика и ги навредува. Ја испрскал и со пиво, а децата со црно вино. Во поднесокот е наведено и дека Џоли никогаш јавно не сакала да зборува за овој настан.
Сакала да ги заштити децата да не ја поминуваат низ истото кое го доживеале тој ден, пишува во документот. Пишува и дека кога Пит побарал повторно да воспостави контрола врз нејзиниот финансиски живот и ја присилил да се смират, таа за првпат почнала јавно да се брани.