Џоли сè послаба, фановите загрижени за здравјето на актерката

Холивудската актерка Анџелина Џоли повторно го сврте вниманието кон себе со последните фотографии направен за време на еден шопинг, на кои се гледа дека актерката е видно ослабена. Нејзините фановите се загрижени за нејзиното здравје и коментираат на социјалните мрежи.

Џоли била видена како пазарува со своите ќерки Захара и Вивиен, во еден бутик во Лос Анџелес. Актерката била во центарот на внимание поради нејзиниот изглед и големиот број изгубени килограми. Таа уште порано откри дека се борела со анорексија.

Во едно од своите интервјуа таа објасни дека уште како тинејџерка се борела со опасното нарушување во исхраната.

Scroll to Top