Во април 2018 година, двајцата имаа различни размислувања околу пораките за поддршка на Канје за Трамп. Во една прилика Леџент му се обрати на Кајне велејќи му дека многу луѓе кои го сакаат се чувствуваат изневерени затоа што знаат каква штета предизвикува политиката на Трамп, особено на обоените луѓе.

Леџенд, исто така, објасни како Вест бил лут на него што не ја поддржал неговата неуспешна претседателска кандидатура во 2020 година.

„Мислам дека тој беше многу отворен за тоа кој е, а исто така беше многу отворен за неговите борби со менталното здравје. И тој е многу реален, искрено. Затоа, мислам дека нема многу работи за него што луѓето не ги сфаќаат. Тој исто така беше доста отворен во своите мислења, неговите борби, сите работи со кои се соочува. И мислам дека со него најмногу го добивате она што го гледате“, заклучил Леџенд.