Пејачот Џон Леџенд и неговата сопруга, манекенката Криси Тајген, третпат станаа родители. Веста за раѓањето на бебето Џон ја открил среде концерт, пренесе магазинот „Пипл“.
„Криси утрово го роди нашето бебе. Ова е благословен ден. Не спиев многу, оти бев во болница, но сега сум полн со енергија“, рекол Леџенд на концертот.
Двојката ги има ќерката Луна и синот Мајлс. Пред две години Криси го изгуби бебето неколку недели пред породувањето. Поради крварење била примена во болница, а лекарите забележале дека срцето на бебето не работи, по што морале да ја породат предвреме, но не успеале да го спасат бебето. Тогаш Криси и Џон открија дека бебето било машко и дека сакале да се вика Џек.
Оваа бременост Криси ја криеше од јавноста и за сега не се знае полот на бебето, ни името на детето.