Џон Сноу и Игрит ќе се венчаат во замок во Шкотска

Ѕвездите на ТВ-серијата „Игра на тронови“, Кит Харингтон и Роуз Лесли, ќе се венчаат на 23 јуни во замок во североисточниот дел на Шкотска. Тие свршувачката ја објавија лани во септември, а деталите за свадбата ги држеа во тајност. Но неодамна „Дејли мејл“ откри дека 200 гости добиле покана за свадба, а на поштенската марка бил ликот на Џон Сноу.

Двојката се запозна на снимањето на серијата во 2012 година. Во серијата тие ги играат Џон Сноу и Игрит. Иако Игрит, ликот на Лесли загина во серијата во третата сезона, фановите ја сметаат нивната љубовна приказна за една од најубавите во „Игра на тронови“.

 

Scroll to Top