Глумецот Џон Траволта годинава остана без својата сопруга Кели Престон, која почина по изгубената битка со ракот на дојката. По повод нејзиниот 58. роденден, глумецот до своите фанови испрати трогателна порака. Тој спои нивна фотографија со неговите родители.
„Среќен роденден, драга. Ја најдов оваа фотографија од венчавката на моите родители. Убави сме на неа покрај нив. Те сакам. Џон“, напиша глумецот.
Фановите му напишаа дека Кели им недостига на сите, дека таа е неговиот ангел и дека еден ден повторно ќе бидат заедно.
Џон изјави дека Кели засекогаш ќе му остане во мислите. Тој доби исти реакции од фановите и еден месец по нејзината смрт кога обајви снимка на која игра со ќерката Ела.
„Ела и јас танцуваме во сеќавање на мама. Кели најмногу сакаше да игра со мене“, напиша Џон.
За потсетување, Џон и Кели беа во брак 29 години и имаат три деца, 20-годишната Ела, деветнаесетгодишниот Бенџамин и синот Џет, кој почина во 2009 година.