Џони Деп е преценет, а Едвард Нортон не знае кај му е местото, објави Брајан Кокс во најновите мемоари

Познатиот глумец Брајан Кокс во своите најнови мемоари ги критикуваше некои од неговите колеги за кои вели или дека е преценети или дека не знаат каде им е местото. Прв на оваа листа беше Џони Деп, за кого вели дека бил преценет.

„Знам дека во франшизата со „Пирати од Карибите“ се врти голема пара, но од сите филмови, Деп во овој филм беше најлош“, напишал Кокс, кој ја одбил улогата на гувернер во пиратската франшиза, која му припадна на Џонатан Прајс.

Кокс во своите мемоари напишал и дека бил незадоволен од перформансите на Деп во улогата на Капетан Спероу, затоа што според него, тој го украл целото шоу.

„Деп го сметам за пренадуван, а неговата улога на Џек Спероу е преценета. Мислам кој и да се појави со толку шминка на лицето, не ни мора да глуми. А уште повеќе е што Деп не се ни обидуваше да глуми“, напишал шкотскиот глумец.

Добитникот на Златен глобус исто така рече дека сега  за разлика од порано популарноста на Џони Деп е драстично опадната.

„И сега луѓето го сакаат. Но, се разбира не колку порано. Мислам дека ако сега се снимаше од почеток Капетан Спероу, улогата попрво ќе ја добиеше Брендан Глисон“, рече Кокс.

Шкотскиот глумец имаше критиките и за неговиот колега Едвард Нортон. Тој рече дека во 2002 година кога го снимале филмот „25 часа“, режисерот Спајк Ли, му покажал каде му е местото.

Ед Нортон беше во филмот и тој е фино момче, но, малку ми е мака што се смета за сценарист и режисер“, напишал Кокс.

„Тој и јас глумевме во еден филм. Снимавме сцена во еден бар, а Ед тогаш му рече на Ли дека имал некои негови идеи за сцената. Ли ги погледна и му кажа дека се интересни, но потоа продолжи по свое, со што само му покажа каде му е местото“, рече Кокс.

 

Scroll to Top