Џони Деп изгубил над 20 милиони долари откако Амбер Херд го обвини за семејно насилство

Џони Деп има изгубено над 20 милиони долари откако неговата бивша, Амбер Херд, го обвини за семејно насилство. Двајцата во моментов се на суд, а агентот на Деп, Џек Вигам, сведочеше дека изгубиле милиони долари поради нејзините обвинувања за семејно насилство.

На новото сослушување во повеќемилионската парница меѓу Деп и Амбер, Вигхам рече дека Амбер му го уништила угледот на неговиот клиент, пренесе Daily Mail. Вигам долги години соработувал со Деп и бил негов агент. Тој му средил милионски бизниси во филмската индустрија.

Тој тврди дека бил пред крај за договор во преговорите за шестото продолжение на франшизата „Пиратите од Карибите“ во кој Деп ја имаше главната улога. За својот ангажман во новиот дел Деп требало да добие 20 милиони долари, но сето тоа пропаднало во 2018 година.

Амбер Херд ја продаде својата приказна за насилство на новинарите во „Вашингтон пост“. Одбраната на сослушувањето вложи приговор и рече дека Вигам немал никакви докази за тоа, нешто кое и самиот тој го признал.

„Вистина е. Морам да бидам фер и да признаам дека го немам документот со кој продукциската куќа ми понуди 22,5 милиони долари за Деп“, рече тој и објасни дека некои од договорите кои тој ги правел биле усни.

„Дизни“ ја прекина соработката со Деп и за новото продолжение ја повика актерката Маргот Роби. Филмскиот агент на Деп рече дека било исклучително тешко да му најде нова улога на Деп, откако Херд покрена лавина обвинувања за семејно насилство во кое себе  се прикажала како жртва.

 

Scroll to Top