Џони Деп како Џек Спероу ги посети болните деца

Облечен во костимот на Џек Спероу, американскиот актер Џони Деп ги изненади пациентите и медицинскиот персонал на одделот кадешто се лекуваат деца заболени од рак, на Институот „Кири“ во Париз.

Ѕвездата на филмската сага за пиратите од Карибите разговараше со децата и се фотографираше со нив, како што направи и изминативе години за време на празниците во болниците во Ванкувер, Лондон и во Бризбејн.

„Ова е подарок кој ги развесели пациентите, семејствата, медицинскиот персонал, лекарите и научниците. Голема благодарност за Џони Деп за неговите време, утеха и енергија“, соопшти Институот.

„Дизни“ неодамна потврди дека Џони Деп нема да го игра Џек Спероу во новата верзија на „Пиратите од Карибите“.

Scroll to Top