Џони Деп ќе го рекламира Диор за 20 милиони долари

Џони Деп потпиша договор со француската модна куќа Диор вреден рекордни 20 милиони долари за рекламирање на парфем за мажи.

Деп, ѕвездата на филмовите „Пиратите од Карибите“, наводно го потпишал највредниот договор за поддршка на машки парфем досега.

Извор од американскиот магазин „Variety“ потврди дека Диор потпишал тригодишен договор со Деп, кој се проценува на 20 милиони долари. Познатиот актер е заштитно лице на парфемот „Dior’s Sauvage“ откако се појави на пазарот во 2015 година.

Бернард Арно, шефот на матичната компанија на Диор, „LVMH“, го посочи имиџот на Џони Деп како една од главните причини зошто „Sauvage“ постигна значителен успех.

За време на контроверзната правна битка против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, Дизни и Ворнер Брос. ја прекинаа долгогодишната соработка со актерот. Сепак, „LVMH“ продолжи да соработува со него, а рекламите за популарниот машки парфем продолжија да се појавуваат и во текот на судската постапка, кои јавноста ги следеше со голем интерес.

Scroll to Top