Џони Деп ќе купува куќа во Србија и ќе му биде комшија на Новак Ѓоковиќ

Славниот холивудски актер Џони Деп, ќе градиб луксузна куќа во Србија. Џони за време на посетата на Белград, кога беше одликуван со златна медаља за заслуги на Република Србија, бил и во посета на Космај – пишуваат српските медиуми. Тој со пријателите бил во посета на неколку локации српската планина, каде гледал куќи и плацеви.

“Џони сакаше и првиот пат кога беше во Србија да оди на Космај. Слушнал се најубаво за тој дел на Србија. Тогаш не стигна, но им кажа на пријателите дека тоа мора да го стори кога ќе дојде следен пат. Во густиот распоред нашол неколку часа и посетил неколку куќи и плацеви. Особено се воодушевил кога слушнал дека тука своја куќа има и Новак Ѓоковиќ“, велат негови соработници.

Џони одлучил да пазари недвижност на планината Космај, каде има куќа и Новак. Исто така недвижности на оваа планина има и семејството на покојната Мерима Његомир, актерот Никола Којо, Иван Милинковиќ и многу друг.

Scroll to Top