Џони Деп ќе ѝ прости осум милиони долари од отштетата на Амбер Херд

Актерот Џони Деп ќе се откаже од отштетата од 8 милиони долари која треба му ја исплати поранешната сопруга Амбер Херд, велат адвокатите на актерот во емисијата „Today, Good Morning America“, а потоа и на мрежата „Law and Crime“ која го следеше судењето.

Адвокатите ги осудиле тврдењата на актерката дека го изгубила судењето затоа што тој е помоќен и попопуларен од неа и сугерирале дека актерот дур може да се откаже од осум милиони долари која судот ја наложил да му ја исплати Амбер.

Адвокатите на Амбер изјавиле дека таа не може да си  дозволи целосната сума од отштетата да му ја исплати на Деп и ги откриле плановите за поднесување жалба.

На прашањето дали ќе се откаже од пресудата или не, адвокатите на Деп кажале: „Тука никогаш не стануваше збор за пари за господинот Деп. Станува збор за враќањето на неговата репутација и тој тоа го направи. Сето ова имаше многу врска со одговорноста. Џони имаше свои проблеми, беше многу искрен во врска со своите проблеми со алкохолот и дрогата, беше искрен во врска со некои несреќни текстови кои беа напишани и се надеваме дека поротата сфати дека таа за ништо нема одговорност. Амбер не преземаше одговорност за ништо“, рекле адвокатите.

Васкез појаснила дека клучот на победатa било фокусирање на фактите и доказите и можноста на Деп првпат да ја каже вистината.

Scroll to Top