Џони Деп на последното рочиште од судскиот спор со Амбер Херд се појави со вратоврска која му ја подарија пред неколку месеци кога беше гостин во Србија. Вратоврската е во вид на мозаик од ентериерот на храмот Свети Сава, а чини околу сто евра.
Стајлингот на Деп го воодушеви и српскиот актер Милош Биковиќ, кој сподели фотографија на Инстаграм и вели дека со ова холивудскиот глумец направил неверојатен гест.
„Скромно и со многу почит кон сите“, напиша Биковиќ.
Џони Деп во февруари беше 24 часа во Белград каде доби орден за заслуги за промоција на Србија преку проектот Puffins Impossible, што е првата анимирана серија произведена во Србија. На серијата тој соработуваше со Биковиќ, а Милош најави и дека преговара со Деп тој да глуми во третиот дел на „Јужен ветер“.
View this post on Instagram