Џони Деп наслика портрети на славни личности и ги продаде за 3,5 милиони евра

Американскиот глумец Џони Деп наслика колекција портрети на славни холивудски и рок-ѕвезди и ги продаде за 3,5 милиони евра. Колекцијата се вика „Пријатели и херои“ и е посветена на оние кои Деп ги запознал и кои го инспирирале, па на сликите се ликовите на Боб Дилан, Елизабет Тејлор, Ал Пачино и Кит Ричардс.

Деп на Инстаграм напиша дека личностите ги насликал од слики што ги имал на компјутерот, а ги продал преку „Касл фајн арт“, мрежа галерии во Велика Британија.

Галеријата објави дека нивната интернет-страница, која нуди и 780 други дела на продажба, е преполна со барања од купувачи. Комплетот од четири слики чини 17.800 евра или во просек 4.700 евра за еден портрет.

Scroll to Top