Џони Деп поднесе жалба против Амбер, не сака да ѝ плати

Глуммецот Џони Деп и неговиот правен тим и официјално поднесоа жалба на пресудата поради која глумецот мора да ѝ плати 2 милиони долари на бившата Амбер Херд.

Херд го тужеше за клевета, а тој тужбата ја нарече погрешна и тврди дека не е одговорен за коментарите кои неговиот адвокат Адам Валдман ги рече за време на судењето. Адвокатот рече дека Херд и пријателките го наместиле Деп, а поротата утврди дека адвокатот делувал како агент на глумецот кога го дал коментарот.

Затоа и поднесоа жалба, затоа што, како што Деп тврди, тој немал никаква врска со изјавите на неговиот адвокат. За потсетување, Деп во 2019 година ја тужеше Амбер откако во „Вашингтон Пост“ беше објавен нејзиниот текст за тоа како таа била жртва на семејно насилство.

Иако не го споменала неговото име во текстот, нејзината приказна излезе во новините во време кога нивниот развод беше главна тема во светот на славните. Деп на крајот победи на судењето.

 

Scroll to Top