Џони Деп продолжува со музичката кариера, објави и албум

По контроверзното судење за клевета против неговата бивша Амбер Херд, американскиот глумец Џони Деп во петокот го објави најновиот албум со англискиот рокер Џеф Бек. Со тоа тој ја продолжи неговата музичка кариера, пренесоа медиумите.

Албумот „18“ на кој Деп пее и свири на гитара, содржи 13 песни, главно обработки од други музички дела, а досега беше критикуван дека нема да игра значајна улога во репертоарот на Бек, 78 годишниот поранешен член на групата The Yardbirds.

На албумот се најдоа преработените песни What’s Going On на Марвин Геј, Isolation од Џон Ленон и Venus In Furs од групата Velvet Underground.

Одлуката да се внесе и песната Velvet In Furs, која се занимава со садомазохизам, на некои им се чинеше и бизарна, со оглед на сензационалното судење за семејно насилство меѓу него и бившата сопруга Амбер Херд, позната по улогата во филмот „Аквамен“.

Албумот ги содржи и песните This is a Song for Miss Hedy Lamarr и Sad Motherfuckin Parade, кои ги напиша Деп.

За потсетување, Деп и Бек се запознаа во 2016 година и брзо станаа пријатели. Најмногу ги врзувааа автомобилите и гитарите. Бек брзо почнал да ги цени, како што рече, сериозните вештини за пишување и музиката на Деп. Почнале да работат на овој албум уште во 2019 година.

Бек моментално е на турнеја низ Европа со Деп како негов специјален гостин. Ова не е првпат Деп да се занимава со музика. Повеќе од десет години снимаше и беше на турнеја со бендот Hollywood Vampires, кој го основа со музичарите Алис Купер и Џо Пери.

Оваа пролет беше награден со 15 милиони долари во тужба за клевета против Херд, која пак беше наградена со 2 милиони долари. Поротата пресуди дека Херд (36) го клеветела Деп опишувајќи го како јавна личност која го застапува семејното насилство. Текстот беше објавен во 2018 година во „Вашингтон пост“, иако таа не го именуваше актерот.

Деп смета дека објавувањето на текстот го наруши неговиот углед. На Херд ѝ беше доделена отштета од 2 милиони долари, откако поротата утврди дека била клеветена од еден од неговите адвокати. Судењето траеше шест недели и наиде на големо внимание во јавноста.

Особено затоа што се емитуваше на телевизија и на интернет, каде Амбер Херд стана цел на потсмев и критики на социјалните мрежи. Деп му се врати и на актерството по завршувањето на судењето и ќе го игра кралот Луј XV. во францускиот филм La Favorite, кој ќе се снима во палатата во Версај.

Scroll to Top