Џони Деп се пожали дека Холивуд го бојкотира

Популарниот актер Џони Деп се пожали дека од Холивуд го бојкотирале поради лажните обвинувања дека ја претепал поранешната сопруга Амбер Херд.

Тој во интервју за британскиот магазин The Sunday Times изјави дека минатата недела неговиот последен филм Minamata премиерно бил прикажан во Обединетото Кралство, но засега немало најави кога тоа и дали воопшто истото ќе се случи и во САД.

 

„Холивуд ме бојкотира поради лажни обвинувања. Работам на тоа да ја извадам вистината на виделина“, рече тој.

Во Minamata, Деп го игра В. Јуџин Смит, фоторепортер кој во 70-тите години од минатиот век го посетил градот Минамата во Јапонија за да ги документира ефектите од труењето со жива. На прашањето дали се идентификува со очајната состојба на Смит, тој рече:

„Кон толкувањето на ликот на Смит не пристапив на тој начин, но сепак покажав некои од моите чувства“.

За потсетување, Деп и Херд се разведоа во 2017 година, откако таа го обвини дека ја тепал. Тој ги негираше сите обвиненија, а во ноември минатата година актерот ја загуби тужбата за клевета против британскиот магазин The Sun, кој во напис од 2018 година го нарече насилник.

Во март годинава тој изјави дека Херд се согласила седумте милиони долари кои ги добила од разводот да ги донира во добротворни цели. Деп тврдеше дека пресудата треба да се укине, но судот сепак потоа ја потврди.

Scroll to Top