Џорџ и Амал Клуни чекаат бебе

Додека голем број од светските медиуми наголемо пишуваат дека Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал ќе се разведуваат, сега во јавноста се шпекулира дека познатата двојка чека бебе.

„Вечерни.хр“ пишува дека двојката е посреќна од кога било претходно и дека набргу би можело да им се приклучи уште едно бебе.

Астроаналитичарката Анџелка Субашиќ ги опишува Џорџ и Амал како одличен пример за тоа како би требало да изгледа односот меѓу двајца партнери. Таа вели дека и двајцата се надополнуваат, меѓусебно си го даваат она што на едниот понекогаш му недостига.

Тоа е заедничкото што го имаат на високо ниво во нивната љубов, смета Анџелка. За разлика од натписите во кои се тврди дека двојката ќе се разведе, Анџелка верува дека среќата штотутку им тропнала на вратата.

„Иако ги имаат тригодишните близнаци, ќерката Ели и синот Александер, многу бргу може да се случи и нова бременост“, изјавила Анџелка.

Веста за можната принова доаѓа како изненадување затоа што веќе некое време се шпекулира за нивниот развод. Џорџ долго време бил заробен во несреќен брак и чувствува дека е подготвен да почне ново поглавје во својот живот.

„Тоа јасно ѝ го даде до знаење на Амал“, открива извор близок до холивудскиот глумец и потврдил дека за двајцата нема враќање по старо.

За потсетување, двојката се венча во 2014 година, а нивната венчавка беше една од најочекуваните таа година. И покрај напнатоста во бракот, за која се пишува во изминатите неколку месеци, сепак Анџелка верува дека за нив доаѓа возбудлив период.

 

Scroll to Top