Џорџ Клуни и Бред Пит протестираат против организаторите на Оскарите

Џорџ Клуни, Бред Пит и Роберт Дениро го поддржале протестот против плановите на организаторот на Оскар, наградите за најдобра фотографија, монтажа и некои други категории се доделуваат за време на емитувањето на рекламите на церемонијата.

Со ова Бред, Клуни и Дениро ги поддржаа Сандра Булок, Еми Стоун и Џон Хем, ѕвезди во Холивуд кои го поддржаа отвореното писмо на режисерите Мартин Скорцезе, Спајк Ли и Алфонсо Куран, кој ургирале ваквата одлука биде променета, затоа што претставува навреда за професионалците во тие категории.

Организаторите за доделувањето на Оскарите, претходно решија да го скратат времетраењето на церемонијата за 40 минути, за да можат да ја зголемат телевизиската гледаност. На церемонијата која ќе се одржи оваа година на 24 февруари, ќе се доделат вкупно 24 награди.

 

Scroll to Top