Американскиот актер Џорџ Клуни изјави дека не размислува за политичка кариера, бидејќи сака да има убав живот. Во интервју за „Биби-си“, тој зборуваше за американскиот претседател Џо Бајден, за неговиот претходник Доналд Трамп и за преостанатите амбиции во кариерата. Сепак, тој ја отфрли можноста да влезе во политиката.
На прашањето дали некогаш ќе се вклучи во политиката, Клуни одговори:
„Не, бидејќи навистина би сакал да имам убав живот. Веќе имам преку 60 години и разговарав со сопругата и ние работевме многу, како што и сè уште работиме, па ѝ реков дека овие треба да ги сметаме за мирни години“, раскажа тој.
Клуни откри дека иако има 61 година, тој и понатаму може да игра кошарка и да ги прави работите што ги сака.
„Но, за 20 години ќе имам 80, и тоа е значајна бројка. Без разлика колку вежбате, што јадете, сепак, имаш 80 години и затоа реков дека мора да се погрижиме да уживаме и да ги живееме годините на најдобар можен начин “, истакна тој. Клуни рече дека ќе се обиде да го намали обемот на работа. „Наместо три работи годишно, ќе работам една“, рече тој.