Џорџ Клуни: Имам 60 години, не мислам да влегувам во политика туку да уживам со сопругата

Американскиот актер Џорџ Клуни изјави дека не размислува за политичка кариера, бидејќи сака да има убав живот. Во интервју за „Биби-си“, тој зборуваше за американскиот претседател Џо Бајден, за неговиот претходник Доналд Трамп и за преостанатите амбиции во кариерата. Сепак, тој ја отфрли можноста да влезе во политиката.

На прашањето дали некогаш ќе се вклучи во политиката, Клуни одговори:

„Не, бидејќи навистина би сакал да имам убав живот. Веќе имам преку 60 години и разговарав со сопругата и ние работевме многу, како што и сè уште работиме, па ѝ реков дека овие треба да ги сметаме за мирни години“, раскажа тој.

Клуни откри дека иако има 61 година, тој и понатаму  може да игра кошарка и да ги прави работите што ги сака.

„Но, за 20 години ќе имам 80, и тоа е значајна бројка. Без разлика колку вежбате, што јадете, сепак, имаш 80 години и затоа реков дека мора да се погрижиме да уживаме и да ги живееме годините на најдобар можен начин “, истакна тој. Клуни рече дека ќе се обиде да го намали обемот на работа. „Наместо три работи годишно, ќе работам една“, рече тој.

Scroll to Top