Американскиот глумец Џорџ Клуни рече дека не бил задоволен како ја запросил неговата 17 години помлада сопруга Амал Клуни. Во гостувањето во емисијата The Drew Barrymore Show раскажа за моментот кога ја побарал за жена и дека целата ситуација испаднала катастрофа.
„Ја испланирав целата работа. Имав прстен во малата фиока зад неа, направив вечера. Претходно се забавуваме околу шест месеци. Амал ја отвори малата фиока и го виде дијамантскиот прстен. Ме погледна и ми рече дека изгледа како некој да го оставил таму пред неколку години. А јас бев колена“, рече Клуни кој додаде дека Амал не му верувала дека прстенот го купил за неа.
„Ѝ требаа 12 минута за да ми одговори. На крајот рече Да“, рече Клуни.