Џорџ Клуни раскажа како ја запросил Амал, беше катастрофа и не ми веруваше

Американскиот глумец Џорџ Клуни рече дека не бил задоволен како ја запросил неговата 17 години помлада сопруга Амал Клуни. Во гостувањето во емисијата The Drew Barrymore Show раскажа за моментот кога ја побарал за жена и дека целата ситуација испаднала катастрофа.

„Ја испланирав целата работа. Имав прстен во малата фиока зад неа, направив вечера. Претходно се забавуваме околу шест месеци. Амал ја отвори малата фиока и го виде дијамантскиот прстен. Ме погледна и ми рече дека изгледа како некој да го оставил таму пред неколку години. А јас бев колена“, рече Клуни кој додаде дека Амал не му верувала дека прстенот го купил за неа.

„Ѝ требаа 12 минута за да ми одговори. На крајот рече Да“, рече Клуни.

За потсетување, двајцата се во брак 8 години, но почетоците велат дека не им биле идеални. Клуни во моментов работи на новиот филм во кој се зборува за разведена двојка која се обидува да ја спречат ќерката да се омажи. Клуни го глуми Дејвид, а Џулија Роберт Џорџија.

Тргајќи ги разликите на страна, двајцата се здружуваат само за да ја спречат ќерка им Лили да не се омажи за маж кого го запознала на матурското патување на Бали, за да не ја повтори грешката која тие ја направиле пред 25 години.

Scroll to Top