Џорџ Клуни се повлекува од глумата

Холивудскиот актер, оскаровецот Џорџ Клуни изјави дека Холивуд повеќе не му е приоритет во животот и дека ќе направи пауза од глумата.

„Бев актер долго време. Сега имам 56 години. Не сум веќе оној кој ја добива девојката и не би требало да бидам тип кој добива девојка“, изјави холивудскиот актер. Меѓутоа,  очигледни се причините поради кои таткото на петмесечни близнаци одлучил да прекине со глумата.

„Кога некој би ми понудил улога каква што доби Пол Њумен во The Verdict, секако дека би прифатил. Но, тоа не се случува често. Глумата беше начин на кој си ги плаќав киријата и другите трошоци, но ја продадов компанијата за производство на текила за милијарда долари. Не ми требаат пари“, објаснува Џорџ Клуни.

Еден од најпопуларните актери на сите времиња вели дека парите му овозможуваат да бира што ќе работи.

– Доколку погледнете што работев во последните 15 години ќе видите дека поголемиот дел од филмовите во кои глумев не би биле снимени  да не ги направев јас. Никој не би ги снимил Good Night, Good Luck, Michael Clayton или Up in the Air – додал оскаровецот.

Scroll to Top