Џорџ Клуни со години спиел во плакар

By

Холивудскиот актер Џорџ Глуми спие во мала просторија која служи како плакар, пишува „Дејли Мејл“. Ова во едно од своите интервјуа го открил неговиот година дена постар колега, 60-годишниот британски актер Хју Грант.

dobivaj vesti na viber

Грант вели дека Клуни спие во мала просторија која служи како плакар и дека затоа е емоционално врзан за својот начин на живот, кој го имал пред славата и богатството.

„Ми се допаѓа тероријата дека луѓето се изненадуваат од славата која ќе ја доживеат и дека се емоционално поврзани за периодот од претходно. Нивниот карактер останува онаков каков што бил пред да станат познати. Не можат да побегнат од тоа. Слушнав дека Клуни во една од своите вили и понатаму спие во плакар, затоа што во моментот кога станал познат живеел во многу мал стан“, открил Грант.

Тој вели дека и самиот тој живеел во станот во кој бил пред да се прослави.

„Тука се чувствувам безбеден“, изјавил Грант, кој со сопругата, продуцентката Ана Елизабет Еберстин,  има пет деца.

Ќе ви се допадне