Џорџ Клуни требало да глуми во „Страници на љубовта“

By

Американскиот глумец, режисер, сценарист и продуцент, 59-годишниот Џорџ Клуни, во интервју за „Дедлајн“ откри дека тој требало да биде еден од главните ликови во популарниот романтичен филм од 2004 година режиран од Ник Касаветес, „Страници на љубовта“.

Клуни откри дека пред улогата да му биде доделена на глумецот Рајан Гослинг, првин му била понудена нему. Тој дури и се сретнал со еден од актерите, кои исто така се разгледувало да биде ангажиран во филмот, починатиот глумец Пол Њуман.

Клуни требало да го игра главниот лик, Ноа Калоун, но во младите години, а Њуман бил во опција да го игра истиот лик, но во периодот кога е стар. Клуни открива дека тој и Њуман во еден момент работеле на филмот, но затоа што не си личеле воопшто ги одбиле улогите.

Младите главни ликови на Ноа и Али успешно ги одиграа Рајан Гослин и Рејчел Мекадамс. За улогата на Али, пак, во игра била и пејачката Џесика Симпсон, која изјавила дека одбила да глуми затоа што не сакала да ги сними сцените со секс.

 

Ќе ви се допадне