Бред Пит денеска наполни 60 години, а еден од неговите добри пријатели, актерот Џорџ Клуни, еднаш се пошегува на негова сметка.
Имено, Пит и Клуни заедно го продуцираат филмот „Wolves“ кој треба да излезе следната година, а ова е прв пат по 15 години повторно да се заедно на филмски сет и добро да се забавуваат. Клуни во интервју за „ExtraTV“ се осврна на нивната обновена соработка, а не пропушти да се пошегува на сметка на својот колега.
„Убаво момче Пит. Не знам дали сте го виделе одблизу во последно време. Не изгледа толку добро. Сепак, со шминка и визуелни ефекти можеме да го спасиме”, се пошегувал тој.
Инаку, Клуни на премиерата на „The Boys in the Boat“ откри дека Пит сака да се шегува на филмскиот сет.
„Моите шеги би можеле да траат засекогаш, но неговите шеги до коска. Тој користи валкани трикови”, открил актерот.