Фади Фаваз, мажот со кој британскиот поп-пејач Џорџ Мајкл беше во врска пред да почине, и кој го пронајде мртов во неговиот кревет, вели дека пејачот се самоубил.
„Уморен сум од луѓето кои ме прашуваат што се случи тој Божик. Џорџ почина на роденденот на својата мајка. Освен тоа, тој претходно петпати се обиде да се убие. Мислам дека тоа е важно да се знае“, стои во дописот што Фади го испратил до медиумите.
Официјалното соопштение, пак, вели дека Мајкл починал од природна смрт. Тој почина во својот дом на 54-годишна возраст, на 25 декември 2016 година. Британската полиција по увидот на местото соопшти дека немало траги на насилство, а во официјалното соопштение издадено три месеци подоцна стои дека пејачот починал поради проблеми со срцето и масна дегенерација на црниот дроб.