Џуд Ло доби седмо дете

Англискиот глумец Џуд Ло доби седмо дете. Ова е второ дете со неговата четврта сопруга. Според весникот „Сан“, 50-годишниот Ло и 15 години помладата сопруга Филипа Коан се сликани со новото бебе на лондонскиот аеродром „Хитроу“.

Ло се труди да го држи својот приватен живот во тајност. Во декември 2020, тој објави дека е среќен татко на шест деца, брзо откако го доби првото дете со Коан, која по професија е психолог.

Пред бракот со Коан, Ло беше оженет со актерката и дизајнерка Сејди Фрост, манекенката Саманта Бурк и со музичарката Кетрин Хардинг. Неговото највозрасно дете има 26 години.

Scroll to Top