Актерката Џулија Фокс повторно го привлече вниманието на јавноста, појавувајќи се на хелоуин-забавата во Њујорк облечена како поранешната прва дама Џеки Кенеди — во розовиот костим извалкан со крв од денот на атентатот на Џон Ф. Кенеди во 1963 година.
Костимот, кој ја реплицира сцената на трагедијата, многумина го оценија како морбиден и „најодвратниот избор што некогаш се видел на Хелоуин“. По објавеното видео од списанието People, социјалните мрежи беа преплавени со реакции и осуди:
„Без здив сум. Толку несоодветно,“ напиша еден корисник, а друг додаде: „Некои луѓе толку сакаат да остават трага, што не им е гајле дали ќе биде дамка.“
Фокс е позната по своите контроверзни и ексцентрични модни избори, а овојпат, според дел од фановите, ја преминала границата меѓу креативност и вкус.






