Џулија Робертс е повторно во Белград

Откако пред неколку недели холивудската актерка престојуваше во главниот град на Србија со своето семејство, таа повторно се врати таму и овој пат не се крие од новинарите и љубопитните белграѓани кои сакаат да ја видат и да се сликаат со неа.

Минатиот пат малкумина ја забележаа оскаровката, велејќи дека била невпечатлива, а сепак прекрасна. Едни од нив беа и вработените во еден ресторан лоциран под тврдината Калемегдан, каде што актерката ручала со семејството, а потоа им ја исполнила желбата да се слика со нив. Фотографијата тогаш ја објави куварот во ресторанот, кој напиша:

„Кога на Џулија ѝ се допаѓа зготвеното, секако дека ќе се сложи да се слика со вас.“

Ние, пак, се надеваме дека по стапките на нејзиниот филмски партнер Ричард Гир, еден ден и таа ќе дојде во Скопје.

Scroll to Top