Џулија Робертс повеќе нема да глуми во романтични комедии

Џулија Робертс во јавноста откри зошто повеќе не снима романтични комедии. Актерката во интервју за ETonline констатирала дека има премногу животно искуство и дека е престара за да го глуми во ваков жанр.

Таа смета дека не би била убедлива играјќи го главниот лик во романтичните комедии. Робертс додала дека веројатно поубедлива би била кога би глумела некој од родителите на луѓето кои се романтични.

„Дојдов до точка во мојата кариера во која едноставно снимањето на ваквите филмови не е за мене. Не е за луѓе кои имаат стекнато полно животно искуство“, изјавила Робертс.

Актерката вели дека ликовите во такви филмови мораат да бидат наивни и млади за да завршат во стандардни ситуации кои се типични за романтичните комедии.

Ваквата нејзина изјава наиде на големо разочарување кај фановите, кои Робертс повеќе нема да можат да ја гледаат во жанрот во кој актерката одлично се снајде на почетокот од нејзината кариера.

Холивуд е преполн со актери коишто се повлекле од „своите“ жанрови, и тоа по неколкупати, но потоа богатите суми на хонорари секогаш ги враќале на стариот пат.

Фановите во своите коментари на социјалните мрежи се надеваат дека тоа ќе биде случај и со Џулија Робертс. Годинава таа работи на новиот филм Ben is Back, кој во кината се очекува да се појави во текот на декември.

 

Scroll to Top