Џулија Робертс за 5 минути снимање во филм заработи 14 милиони долари

Џулија Робертс заработи 14 милиони долари за нејзиното пет минутно појавување во филмот „Денот на вљубените“ во 2010 година.

Робертс заедно со Бредли Купер се појави во една од најнезаборавните сцени во модерната историја на романтичните комедии, а за својата улога заработила 2,8 милиони долари по минута поминати на екранот или 12 илјади долари од изговорен збор.

Познатата актерка за улогата на капетанот Кејт Хејзелтин однапред добила 3 ​​милиони долари, а останатите 11 ги заработила затоа што потпишала договор со студиото „Њу лајн синема“ што и овозможило да добие три отсто од вкупната заработка на филмот.

И покрај добрата заработка во кино салите, филмот не ги доби најдобрите критики. Така, на Ротен Томатос има 18 отсто позитивни критики од критичарите и 47 отсто позитивни оценки од публиката.

„Во серија поврзани приказни, различни жители на Лос Анџелес поминуваат низ љубовните подеми и падови во текот на еден ден. Како што се ближи празникот, тие доживуваат први состаноци, долгорочни обврски, младешки занес и врски со старите љубовници“, стои во синопсисот на филмот.

Покрај Џулија Робертс и Бредли Купер во филмот се појавуваат и Џесика Алба, Кети Бејтс, Џесика Бил, Џејми Фокс, Џенифер Гарнер, Ен Хатавеј и Ештон Качер.

 

Scroll to Top